Во стилот на Суарез: Француска рагбистка ја касна противничката (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Француската рагбистка Аксел Бертомје (25) беше санкционирана со суспензија од 12 натпревари, откако дисциплинската комисија откри дека на четвртфиналниот натпревар од Светското првенство против Ирска во Ексетер (18-13) ја каснала една од противничките спортистки.

Иако Француската репрезентација си обезбеди место во полуфиналето, Бертомје нема да учествува во натпреварот против Англија, бидејќи ќе ја извршува казната. Најпрвин, доби суспензија за 18 натпревари, но казната беше намалена на 12, бидејќи рагбистката ја призна вината и изрази искрено жалење за настанот.

.