Во Тбилиси ќе биде пекол: Грузија загубила само еднаш во претходните три години!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација денеска од 18 часот ќе гостува во Тбилиси, каде што ќе се соочи против Грузија во најважниот меч во нашата историја затоа што победа може да избориме пласман на Европското првенство во 2021 година.

Грузија има предност на домашен терен, а тоа го покажува и нивната статистика, зашто што во последните три години загубила само еднаш. Тоа му успеа на тимот на Швајцарија, кој со 2-0 славеше против Грузија, но тоа се случи лани.

Македонија ќе биде ослабена во овој натпревар затоа што нема да може да смета на Кире Ристевски, Крсте Велкоски и Енис Барди, а и претходно сме играле во Грузија во квалификациите, кога мечот заврши 1-1.

Дефинитивно ќе биде тешко во Тбилиси, но желбата кај македонските репрезентативци е голема и се надеваме дека ќе ја крунисаат со победа.