Во Токио расте бројот на заразени: Нови 13 спортисти позитивни на ковид-19, властите се загрижени!


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Организаторите на Олимписките игри (ОИ) во Токио се загрижени поради ширењето на ковид-19, откако на најновото тестирање се појавиле 13 нови случаи на вирусот.

Американска гимнастичарка и чешки одбојкар на песок се меѓу новите заразени лица на ковид-19, а организаторите на ОИ соопштија дека во моментов има 71 лице позитивно на коронавирусот од кои 31 се спортисти.

Организаторите соопштија дека новите спортисти биле во карантин 14 дена, но властите се загрижени поради развојот на ситуацијата.

Од друга страна, пак, премиерот на Јапонија кажа дека светот ќе види безбедни ОИ во Токио.

„Светот се соочува со големи потешкотии. Можеме да бидеме успешни во организацијата. Ние ќе организираме безбедни Олимписки игри“, соопштија организаторите.