„Војна“ во Аталанта: Гомез му одговори на критиките на Гасперини!


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Аталанта има пет победи во последните седум натпревари и екипата на Џан Пјеро Гасперини конечно игра како во минатата сезона, но постојат проблеми меѓу тренерот и капитенот Алехандро Папу Гомез.

Гасперини се скара со Гомез, поради што фудбалерот е пред заминување од тимот, а новинарите го прашаа тренерот зошто не го пуштил играчот на терен.

„Гомез не игра? Бевме во проблеми, па решив да променам нешто и тој не се вклопуваше во таа визија. Мојот избор е исклучиво од стратешка природа. Видов дека имаме проблеми на средината, на Де Рон и Фраулер им беше потребна помош во дефанзивните задачи“, кажа Гасперини.

Гомез се изнервира на оваа изјава и објави 12 видео-снимки на својот профил на Инстаграм на кои покажува дека изјавата на Гасперини не е точна.