Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот гигант Реал Мадрид сериозно се вклучи во борбата за трансфер на српскиот фудбалер Лука Јовиќ и сега им направи голема конкуренција на Баерн Минхен и Барселона.
Каталонски „Спорт“ пишува дека Флорентино Перез повторно е заинтересиран за голгетерот на Ајнтрахт Франкфурт за да им ги расипе плановите на најголемите ривали, но и да го подмлади тимот на лето.
Перез е фокусиран и за трансфери на Садио Мане од Ливерпул Еден Азар од Челси, но не ја исклучува можноста ниту за трансфер на Јовиќ, за кој би можел да плати 70 милиони евра.
Баерн за Јовиќ понуди 56 милиони, а Барселона долго време преговара, а интерес покажаа и Интер, Манчестер сити и ПСЖ.
Јовиќ е во одлична форма, со голови продолжи и во дресот на Србија