Волф: Доминацијата на Ред Бул нема влијание врз популарноста на спортот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф смета дека доминацијата на Макс Ферстапен од Ред Бул не влијае врз популарноста на спортот.

Волф смета дека сè уште постои голем интерес за „најбрзиот циркус“ во светот, но и дека очекува раст на бројот на гледачи.

„Расте бројот на нашите следачи на социјалните мрежи. Распродадени се сите трки. Заклучокот е дека луѓето сакаат сè што е околу Формула 1. И ако се гледа само спортскиот аспект, доминацијата на Ред Бул не влијае, но ние мора да го направиме поинтересно натпреварувањето“, кажа Волф.