Волкановски се борел три ипол рунди со скршен прст против Холовеј! (Фото)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Австралискиот борец со македонски корени, Александар Волкановски ја одбрани титулата во УФЦ во категорија до 66 килограми, откако по третпат беше подобар од Макс Холовеј.

Волкановски стана четврти борец во историјата, кој победил на првите 12 борби во УФЦ, а такво нешто претходно им успеало само на Андерсон Силва, Камару Усман и Хабиб Нурмагомедов.

Шампионот преку социјалните мрежи објави дека во втората рунда го скршил палецот.

„Во втората рунда го скршив палецот, но тоа не ме спречи да продолжам. После операцијата ме чека рехабилитација од 12 недели. Со нетрпение го чекам враќањето, ви благодарам на поддршката“, објави Волкановски.