Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот репрезентативец на Холандија, Весли Снајдер призна во својата автобиографија, која ќе биде објавена во петок во неговата татковина, дека не бил професионалец додека играл за Реал Мадрид.
Снајдер ја почна кариерата во Ајакс, додека во 2007 година го засили Реал Мадрид, но таму не се прослави, па замина во Интер со кој ја освои тројната круна.
„Бев млад и сакав успех и да се биде во центар на внимание. Но работите тргнаа во погрешен правец. Немаше дрога, но алкохол… се навикнав да живеам како ѕвезда. Вотката ми стана најдобар пријател во Мадрид“, вели Снајдер.
Снајдер се присети и на моментот кога потпишал за Реал Мадрид, односно кога беше платен 27 милиони евра плус доби плата од три милиони годишно.