Воткинс погоди во 91. минута, Англија со пресврт ја совлада Холандија (Видео)


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Англија триумфираше против Холандија со 2-1 во полуфиналето на Европското првенство (ЕП) и си закажа финале против Шпанија.

Холандија поведе со голот на Чави Симонс во седмата минута, а потоа Хари Кејн од пенал во 18. минута стрелаше за 1-1.

„Гордиот Албион“ до целосен пресврт стигна во 91. минута кога Оли Воткинс го матира Барт Вербруген.

Финалето меѓу Шпанија и Англија е закажано за 14 јули.