Вознијацки по три години му се враќа на тенисот


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешната најдобра тенисерка Каролин Вознијацки реши да се врати на тениските терени и да ја продолжи професионалната кариера.

Вонијацки објави дека по тригодишна пауза, во која стана мајка на две деца, сака да се врати на тениските терени.

„Во изминатите три години надвор од тенисот морав да се посветам на семејството, станав мајка и сега имам две прекрасни деца. Но, сè уште имам цели кои сакам да ги постигнам. Сакам да им покажам на моите деца дека треба да ги следат своите соништа“, вели Вознијацки.