Враќање на теренот: По повредите, Умтити започнува кариера како тренер


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Самуел Умтити, поранешен играч на Барселона и некогашен француски интернационалец, не успеа да го постигне својот целосен потенцијал поради честите повреди кои ја нарушуваа неговата кариера. Меѓутоа, тој не планира целосно да се повлече од светот на фудбалот.

По завршување на професионалното играчко патешествие, Умтити се реши за нов предизвик – да го испроба својот талент како тренер. Од оваа недела, тој се наоѓа во Париз и собира искуство во Лига 1, трудејќи се да се усоврши.

Целта му е да ги добие сите неопходни тренерски лиценци и некогаш да застане на клупата на некоја екипа. Со долгогодишното искуство кое го стекна на теренот како врвен играч, Умтити е уверен дека може да се изгради и како успешен стратег.