Враќање по долга пауза: Мекгрегор закажа голема борба во УФЦ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ирскиот борец Конор Мекгрегор официјално го објави датумот на неговото враќање во рингот и најави борба против Мајкл Чендлер.

Мекгрегор ја искористи можноста и во новогодишната порака откри дека следното лето ќе се бори на 29 јуни во Лас Вегас.

„Дами и господо, среќна Нова година. Би сакал да го објавам датумот на враќањето. Мекгрегор се враќа во Лас Вегас на 29 јуни, и тоа против Мајкл Чендлер“, објави Ирецот.

УФЦ сè уште не ја потврди борбата, ниту има најавен настан за 29 јуни, меѓутоа во тој период традиционално се одржува Меѓународната недела на борбите.

Ако навистина биде потврдена оваа битка, Мекгрегор ќе се врати во рингот по пауза од јули 2021 година, кога ја скрши ногата против Дастин Порие.