Време е да се пакуваат куфери: Два премиерлигаши се борат со бундеслигаш за потписот на Јовиќ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ ќе го напушти шпанскиот гигант на крајот на сезоната, а веќе неколку тимови покажаа интерес за неговите услуги.

Јовиќ добива минимална минутажа оваа сезона, дури и кога Карим Бензема е повреден, а тоа е јасен знак дека нешто мора да се менува.

„Марка“ пишува за неколку тимови кои се заинтересирани да го купат Србинот, а еден од нив е Борусија Дортмунд, која летово ќе остане без Ерлинг Халанд.

Останатите два тима кои се борат за потписот на Јовиќ се Евертон и Арсенал, кои имаат потреба за напаѓач, а посебно проблеми имаат „топчиите“ кои минатото лето не успеаа да го ангажираат Душан Влаховиќ.

Јовиќ сезонава настапи на 13 натпревари за Реал Мадрид и притоа постигна еден гол и има две асистенции.