Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во јули ќе минат 20 години откако Флорентино Перез првпат седна на претседателското столче на Реал Мадрид. Тој планира годишнината да ја одбележи на голем начин и тоа со создавање на еден од најсилните тимови во светот.
Заминувањето на Кристијано Роналдо во 2018 година остави „дупка“, која никој никогаш не успеа да ја исполни. По две неуспешни сезони, првиот човек на Реал е подготвен за нови промени и за враќање на врвот.
Се очекува Перез да ангажира две големи ѕвезди, кои заедно со Еден Азар и Винисиус ќе бидат „костур“ на тимот за иднината. Килијан Мбапе е првата желба, а се очекува да пристигне и Ерлинг Халанд.
Се очекува во иднина Халанд да биде покрај талентираниот Мартин Одегард, а тимот ќе биде пополнет со уште неколку суперталенти како Родриго, Валверде…