Време е за одмазда: Македонија од 16 часот ја предизвикува Чешка


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација денеска од 16 часот го игра вториот меч на Европското првенство (ЕП), па со евентуална победа против Чешка би обезбедиле пласман во следната фаза.

Македонските ракометари не го паметат најдобро последниот меч против Чешка, кој го загубија со 24-25, откако противничкиот голман му одбрани пенал на Дејан Манасков.

Македонија веќе запиша една победа на ЕП во првото коло кога ја победи репрезентацијата на Украина со еден гол разлика, иако неколку пати имаше и поголемо водство.

Денеска од 16 часот се игра мечот меѓу Македонија и Чешка, а нашите ракометари со победа би можеле да се пласираат во следната фаза на големото натпреварување.