Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ е победник во летниот преоден рок затоа што го доби потписот на Лионел Меси, а притоа беа ангажирани Серхио Рамос, Џанлуиџи Донарума, Вајналдум и Хакими.
Меѓутоа, парижаните имаат фудбалери со големи плати, а прв на листата е Мауро Икарди, кој најверојатно ќе биде во сенка на Меси, Нејмар и Мбапе.
Андер Ерера, исто така, е фудбалер кој би можел да го напушти тимот. Тој и минатата сезона беше во втор план, а сигурно ќе биде и сега поради Вајналдум.
Ди Марија и Дракслер се сигурни, па ќе бидат во ротација и ќе имаат улога од клупата, но тоа не може да се каже за Пабло Сарабија.
Место во екипата нема ниту за голманот Серио Рико, кој нема да го види теренот покрај Донарума и Кејлор Навас, а ПСЖ чека вистинска понуда и за Курзава.