Време е за враќање на долговите: Тајсон и Холифилд ќе се борат на 11 јули!? (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Уште не е официјална информацијата, но очигледно договорот е постигнат, барем така тврдат извори блиски до боксот. Во текот на ноќта се појави информација дека Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд ќе се борат на 11 јули во Саудиска Арабија.

Двајцата боксери, кои се поранешни светски шампиони сакаат да се вратат во боксот, односно да се борат во меч од хуманитарен карактер.

Боксерите дадоа потврден одговор, па сега најверојатно се договорени и деталите. Тајсон има 53 години и се наоѓа во страшна форма, а Холифилд е четири години постар.

„Тоа го сакаат луѓето, ќе се борам против Тајсон“, кажа Холифилд.

Досега се бореле двапати, а во првиот меч Холифилд победи во 11. рунда. Мечот беше преполн со контроверзи, а Холифилд го удри противникот и неколку пати со глава, а за тоа не реагираа судиите.