Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓
Mакедонскиот голман преку репрезентација, Столе Димитриевски, ќе ја напушти Валенсија бидејќи раководството на клубот, заедно со новиот тренер Карлос Корберан, неочекувано го ставија на трансфер-листата.
Иако многумина очекуваа дека Димитриевски ќе ја превземе позицијата на прв голман по најавата за потегот на Гиорги Мамардашвили кон Ливерпул, случувањата во клубот изненадувачки се променија.
Димитриевски, кој пристигна како слободен играч од Рајо Валјекано летото 2023 година, потпиша договор со Валенсија до јуни 2026 година.
Фото: Принтскрин