Врсаљко со изјава од самоизолација: Некои параметри се малку повисоки од нормалните


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Атлетико Мадрид потврди дека двајца играчи од овој клуб се позитивни за коронавирусот.

Ова се Шиме Врсаљко и Анхел Кореа.

Тие претходно немале никакви симптоми, а штом пристигнале резултатите, тие веднаш биле сместени на самоизолација.

Врсаљко сега се огласи и самиот.

“Морам да кажам дека се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Некои параметри се малку повеќе од нормалните и морам да бидам во изолација сè додека не сум негативен на следниот тест, кој може да биде за неколку дена”, рече Хрватот.

“Се надевам дека наскоро ќе се вратам во нормален живот, и до тогаш ќе тренирам дома. Ви благодарам за пораките за поддршка и бидете внимателни”, беше јасен Врсаљко.