Вршаљко откри во кој клуб ја продолжува кариерата

Шиме Вршаљко во разговор за хрватските медиуми потврди дека кариерата ќе ја продолжи во Атлетико.

Хрватскиот репрезентативец благодарие на партиите во дресот на Сасуоло е етикетиран како еден од најдобрите бекови во Серија А, а тоа не помина незабележано зборува и информацијата дека од следната сезона ќе настапува за Атлетико Мадрид.

Вршаљко потврди дека реализацијата на зделката е во завршна фаза:

„Добро, можам да речам дека според моите сознанија во четврток Сасуоло и Атлетико треба да го финализираат мојот трансфер во Мадрид. Голем оптимист сум“, рече Випаљко и потоа додаде:

„Од првиот момент на челниците на Сасуоло им реков дека Атлетико Мадрид е единствен клуб каде што сакам да ја продолжам кариерата. Истоо им го реков и на Наполи, иако тие веќе договориле се околу тој трансфер“, откри Вршаљко. Да потсетиме, Вршаљко пред Сасуоло играше за Џенова, Динамо и Локомотива.