Втор пораз на Пелистер во Струга – Алингсас победи, но недоволно за финале


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Битолскиот Пелистер денес го одигра својот втор натпревар во Струга и беше поразен од Алингсас со 26:23.

Шведскиот Алингсас во последните минути имаше само еден гол предност. Пелистер одлично играше во првото полувреме. Алингсас со двата погодоци на самиот крај на првото полувреме го намали водството на Пелистер на само 11:12. До средината на второто полувреме Пелистер имаше контрола над резултатот, но Алингсас потоа ја покажа моќта и направи превсрт. Конечен резултат 26:23. Нилсон со осум погодоци беше најефикасен во Алингсас. Чантурија со 6 погодоци беше најефикасен во битолскиот клуб.

Поради повисоката победа на Шарт против Пелистер, францускиот клуб ќе игра финале против Металург.

За петата позиција ќе се борат Работник и Пелистер, а Алингсас за трето место ќе игра против Стеауа.