Втора најголема трагедија во историјата: Загинаа 129 луѓе во стампедо (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Трагедијата се случи по фудбалскиот меч на двата најголеми клубови во Индонезија, откако домаќинот загуби со 2-3 од најголемиот ривал.

Натпреварот беше одржан во градот Маланг, а потоа навивачите влетаа на теренот и се создаде вистински хаос.

Полицијата употреби солзавец за да преземе контрола врз ситуацијата, иако тоа е забрането според ФИФА, по што следеше паника која резултираше со трагедија.

Во стампедото загинаа 129 луѓе, а бројката најверојатно ќе се зголеми и ова е втората најголема трагедија во историјата на фудбалот по број на жртви.

„Имаше нереди, навивачите почнаа да ги напаѓаат полицајците и да ги оштетуваат автомобилите“, вели началникот на полицијата.