Вториот најбогат човек во светот го купува Милан за – милијарда евра!?


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Сопственикот на модниот бренд „Луј Витон“, Бернар Арно повторно се поврзува со купување на италијанскиот тим Милан, иако на крајот на септември го демантираше тоа.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека најбогатиот Европеец и втор најбогат човек во светот преговара со „Елиот Менаџмент“, кој во моментв е сопственик на Милан.

Французинот чие богатство се проценува на 93 милијарди евра би можел да го купи Милан во јануари за „само“ 975 милиони евра.

Италијанската јавност е убедена дека во тајност се подготвува нова продажба на „росонерите“, кои сезонава се повторно во криза и во моментов се наоѓаат на 14. место во Серија А со седум порази на 14 одиграни натпревари.