Второ коло, втор пораз за Сандарленд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска на програмата од 14:30 беше натпреварот помеѓу Сандарленд и Мидилзборо.

Фаворит немаше, екипите беа тука негде како и коефициентите за победа, но подобрите беа „новите„ . Мидилзбро ја доби првата победа во ПЛ оваа сезона, а Сандарленд се здоби со втор пораз.

Уште во 13тата минута Негредо му асистираше на Стуани за рано водство на Мидилзборо. Неколку секунди пред истекувањето на регуларнит 45 минути повторно Негредо асистираше а Стуани погоди за зголемено водство.

Сандарленд се бореа, правеа обиди но само успеаа да намалат на 2:1 во 71вата минута со гол на Ван Анхолт.

Следниот натпревар Мидлизобро го игра на 28 против ВБА во гости, а Сандарленд ќе гостува кај Саутемптон ден пред тоа.