Вучиќ: Ќе ја уапсиме фудбалската мафија во Србија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Србите се надеваат дека конечно ќе ѝ дојде крајот на фудбалската мафија во државата и ќе може да се вратат на стадионите каде што ќе гледаат натпревари во кои победникот однапред нема да биде познат.

Раководството на Фудбалскиот сојуз на Србија со години ги убедува сите дека првенството им е порегуларна од претходната сезона, но Србите не се задоволни.

Меѓутоа, сега во целата приказна се вклучи и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој во интервју за медиумите вети дека ќе ја уапси фудбалската мафија.

„Многу сум тажен како ни изгледа завршницата од фудбалското првенство. Мафијашите го контролираат фудбалот, на кој му се смее цела Европа и свет, но тоа ќе биде така додека да ги уапсиме сите. Народот нека види дали ја зборувам вистината“, вели Вучиќ.