Вучиќ: Ќе навивам за Мароко, тие се наши браќа


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот претседател Александар Вучиќ е во центар на внимание откако во „РТС“ кажа дека во сабота ќе навива за Мароко кој ќе се бори против Хрватска за третото место на Светското првенство (СП) во Катар.

Вучиќ кажа дека не знае за кого ќе навива во финалето на СП, но затоа знае кој му е фаворит во битката за бронзениот медал.

„Не знам за кого ќе навивам во финалето, но можам да ви кажам дека ќе го поддржам Мароко во битката за трето место. Тие се наши браќа, кои никогаш нема да го признаат Косово“, кажа Вучиќ.

Дуелот за трето место меѓу Мароко и Хрватска се игра во сабота од 16 часот, додека финалето се игра еден ден подоцна во истиот термин.