Вучиќ со 200.000 евра ќе ги мотивира српските олимпијци


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ најави дека српските олимпијци кои ќе постигнат успех, ќе бидат богато наградени.

Вучиќ при гостувањето во утринската програма на „ТВ Пинк“ кажа дека ќе имаат посебна седница на која ќе разговараат за Олимпијадата во Париз.

„Ќе дадеме дополнителни пари, златниот медал на спортистите ќе биде награден со 200.000 евра. Да инвестираме пари за нашите стрелци, одбојкари, ватерполисти“, кажа Вучиќ.