Вудвард му даде поддршка на Солскјер и најави дека Манчестер Јунајтед ќе донесе неколку засилувања


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Ед Вудвард ги претстави плановите на клубот за летниот преоден рок.

Вудвард инсистираше дека Јунајтед ќе продолжи да купува топ играчи по неколкуте добри трансфери во изминатиов период. Солскјер ги донесе Хари Мегваер, Арон Ван Бисака, Даниел Џејмс и Бруно Фернандеш кои засега одлично се покажаа во тимот.

„Оваа сезона беше за обновување, со многу промени во тимот. Имаше играчи кои заминаа, некои кои се наоѓаат на позајмица, имаме играчи кои ги донесовме во клубот и кои повлековме од академијата. Овој процес ќе продолжи додека го спроведуваме нашиот план и фудбалската визија на Оле Гунар Солскјер. И покрај тоа што во јануари бевме поврзани со 111 играчи, носењето на Бруно Фернандеш е важен чекор во таа насока. Ќе продолжиме со истиот план и дисциплиниран пристап следното лето“ –изјави Ед Вудвард.

Манчестер Јунајтед се поврзува со ангажман на Џејдон Санчо, Џек Грилиш, Џејмс Медисон и Муса Дембеле во летниот преоден рок.