Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед има лош почеток на сезоната, па во моментов се наоѓа на 12. место во Премиерлигата, а додека притисокот расте на Оле Гунар Солскјер, управата на клубот на чело со Ед Вудворд веќе долго време е на мета на критика на навивачите.
Сепак, Вуворд вели дека нивната моментална стратегија е многу подобра од претходните неколку години.
„Постои мит дека одлуките ги носат луѓе кои не се разбираат во луѓе, а тоа е навреда за сите. Нашите скаути работат и повеќе од 25 години“, објаснува Вудворд.
И покрај лошите резултати, Вудворд вели дека тренерската позиција не е загрозена во моментот.
„Оле ги смири фудбалерите, а тоа ни недостигаше во претходните години. Изгради екипа, која ја почитува историјата на клубот и работи напорно. Никој не е поголем од клубот“, порача Вудворд.