До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Реал Мадрид во минатиот преоден рок се обиде да го ангажира Пол Погба од Манчестер јунајтед.
Тренерот Зинедин Зидан најави дека ќе даде максимум во следниот преоден рок да го ангажира Погба, но очигледно такво нешто нема да се случи.
Погба сака да се пресели во Мадрид, но последниот збор го има Ед Вудворд, кој не сака да го пушти Французинот.
Тренерот Оле Гунар Солскјер смета дека Погба може да биде од корист во вториот дел од сезоната, зашто поголем дел од првиот дел го пропушти поради повреда.
Тоа што е сигурно е дека Погба нема да го напушти Манчестер во јануари, но на лето би можел да добие шанса да замине.














