Вујин по потписот за Вардар: Карачиќ ми зборуваше многу убави работи…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Марко Вујин е еден од најновите ракометари на Вардар, кој ќе се обиде да им помогне на „црвено-црните“ во остварување на амбициите за следната сезона.

Српските медиуми објавија дека Игор Карачиќ му помогнал на Вујин при изборот на негов следен клуб.

„Вардар во последните три години беше двапати европски шампион. Го избрав Вардар, кој ќе биде мој последен чекор во кариерата. Додека разговаравме со претседателот Михајловски, мојот впечаток за него беше позитивен. Исто така Игор Карачиќ ми кажа многу позитивни работи за тимот“, кажа Вујин.

Вујин исто така кажа дека се надева на многу успеси со македонската екипа, а сите се надеваат дека може да се повтори успехот и да се освои европската титула.