Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Поранешниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, Веселин Вујовиќ доби нов ангажман и стана стратег на хрватскиот вицешампион Нексе.
Вујовиќ ги договорил условите со раководството на Нексе и ќе седне на кормилото кое претходно му припаѓаше на Бранко Тамше.
Искусниот тренер последен пат беше во хрватскиот ракомет во 2020 година, кога го тренираше Загреб, а последен ангажман како селектор му беше во Иран.