Вујовиќ: Ниту Данска, ниту Франција - Југославија сега би била европски шампион!

Легендарниот ракометен тренер Веселин Вујовиќ вели дека поранешна Југославија денес би била една од најсилните репрезентации во светот.

Вујовиќ пред финалето на Европското првенство (ЕП), кое ѝ припадна на Франција, кажа дека Југославија сигурно би била шампион.

„Замислете сега Југославија да играше на првенството. Знаете ли како ќе поминеа Франција и Данска? Како боси по трње“, кажа Вујовиќ.