Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ даде коментар за ситуацијата со ковид-19 во репрезентациите кои треба да настапат на Европското првенство (ЕП) во Унгарија и Словачка.
Репрезентациите постојано пријавуваат нови случаи на ковид-19 и позитивните ракометари имаат мала шанса да настапат на турнирот, а Вујовиќ смета дека треба да се откаже натпреварувањето.
„Не ми е јасно кој сака да игра ваков турнир. Колку има смисла тимови со по шест-седум заразени ракометари да патуваат, па во случај на позитивен тест ќе мора пак 10 дена во изолација, а потоа без тренинг да се вратат на терен и да играат натпревари? Тоа нема врска со здравиот разум. Каков ракомет ќе гледаме? Никаков…“, вели Вујовиќ за хрватските медиуми.