Вулверхемптон за шест минути си ја заврши работата на гостувањето кај Шефилд Јунајтед

Екипата на Вулверхемптон продолжи таму каде што застана минатата сезона остварувајќи сигурна победа на гостувањето кај Шефилд Јунајтед.

Избраниците на Нуно Еспирито Санто славеа со 2:0, а головите паднаа во првите шест минути од натпреварот.

Најпрво резултатот го отвори Раул Хименез, а по само неколку минути на 2:0 зголеми Роман Саис.

На крајот тоа испадна како конечен резултат затоа што Шефилд Јунајтед немаше многу сили за да се закани кон голот на Руи Патрисио и само еднаш му ја погоди стативата во прилика која беше за издвојување од овој натпревар.