Вундеркиндот на Реал Мадрид пратен на позајмица


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Норвешкиот вундеркинд, Мартин Одегард е позајмен на Рен, соопштија шпанските медиуми.

Одегард на почетокот на 2015-та година стигна во Реал Мадрид како голем потенцијал, но на Сантијаго Бернабе не успеа да се наметне и позајмица до крајот на сезоната е најдоброто решение за него.

Младата ѕвезда ќе отиде во Рен на 1-годишна позајмица без можност за купување, а голема улога при неговата одлука имаше Зинедин Зидан кој го увери дека француската лига е подобро решение за развој.