За Барселона стигна загрижувачка вест од Мадрид пред „Ел Класико“ (Фото)

Реал Мадрид го објави списокот со повикани фудбалери за „Ел Класико“ кое се игра вечерва од 21 часот на „Камп Ноу“.

Барселона има девет бодови предност и ова најверојатно е последна шанса на Реал Мадрид да ја намали негативата зад вечниот ривал.

Во составот за мечот против Барселона се наоѓа и францускиот напаѓач Карим Бензема, кој пред викендот не можеше да тренира со неговите колеги.

Тренерот Карло Анчелоти добива голема помош во дербито и се надева дека ќе може да го искористи за да ја намали негативата зад ривалот.

Анчелоти не може да смета на Давид Алаба, кој е повреден, па на негова позиција најверојатно ќе игра Начо Фернандез кој претходно настапи против Ливерпул и Еспањол.