За Бетис повеќе нема место за Атлетико, Барселона и Реал во Ла Лига!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Минатата ноќ 12 европски гиганти создадоа европска Суперлига, а наскоро се очекува уште осум тимови да им се приклучат на сегашните учесници.

Оваа вест ги налути навивачите ширум светот, но и УЕФА и ФИФА кои се заканија со казни, а има и такви кои се шегуваат со Суперлигата.

Бетис реши да се пошегува со суперлигашите, па ги избриша Атлетико Мадрид, Барселона и Реал Мадрид од Ла Лига, па така Севилја е прва на табелата, па следи Вилјареал, Бетис е трет, а во топ-4 е и Реал Сосиедад.