Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вниманието на светската јавност на себе го привлече уште во квалификациите за трката на 1.500 метри, кога во завршницата падна, а потоа стана и победи на трката.
Девојката која ја претставува Холандија, Сифан Хасан истрча трка на 10 км, па двапати трки на пет км и дури три пати најкратката дистанца од километар ипол, односно вкупно мина 24.500 метри за само девет дена.
За неа Олимписките игри почнаа на 30 јули во квалификациите на 5.000 метри, а тоа лесно го мина бидејќи беше јасно дека е најголем фаворит за златниот медал во таа дисциплина.
Проблеми имаше во втората трка, кога во квалификациите за 1.500 метри падна, а тоа можеше да ја чини многу скапо. Сепак, успеа да стигне до шанса за борба за медал.
Девојката ја освои трката на 5.000 метри, а потоа двапати трчаше на 1.500 метри и освои бронзен медал, а денеска повторно беше најдобра и тоа на 10 км.