За Харт веќе нема место ни во Барнли, па се сели во нов клуб?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите англиски голмани во ова столетие, Џо Харт би можел ова лето повторно да го промени клубот.

Харт кој своевремено беше незаменлив на голот на Манчестер Сити и репрезентацијата на Англија, во последните неколку години мака мачи со пронаоѓањето на вистинската форма.

Откако стана јасно дека Гвардиола нема да смета на него, тој започна да оди на позајмици.

Прво отиде во Торино, па во Вест Хем, а минатото лето и официјално го напушти Сити и премина во Барнли.

После една сезона и запишани 18 настапи за овој клуб, тој повторно би можел да го напушти клубот, а нов клуб би можел да му биде Шефилд Јунајтед, тим кој ова лето се врати во Премиер лигата.

Сепак, Дејли Меил пренесува дека Харт ќе премине во Шефилд само во случај ако овој тим не успее да го ангажира младиот 22 годишен Дин Андерсон од Манчестер Јунајтед.

Инаку, за Харт наводно нема весто веќе и во Барнли, со обзир на тоа дека пред него се Ник Поп и Том Хитон, но ситуацијата бо можела да се промени доколку Хитон го напушти клубот и премине во Астон Вила и Ливерпул кои се заинтересирани за него.