За Перез нема спас: Објавени најопасните снимки против првиот човек на Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез вчера најави дека ќе го тужи новинарот Хозе Антонио Абелано и шпански „Ел Конфиденсијал“ поради тоа што објавија многу контроверзни снимки.

Медиумот објавува снимки против Перез, кој во минатото ги критикувал најголемите легенди на шпанскиот клуб, а сега претседателот на „кралевите“ се обидува да се спаси, но очигледно нема да му успее.

Перез досега не кажа ниту еднаш дека снимките не се вистински, а притоа го тужи новинарот затоа што смета дека намерно овие снимки се објавени дури сега кога се планира создавање на Суперлига.

Објавен е и нов петти сет на снимки од „Ел Конфиденсијал“, а тие се од 2007 до 2012 година и во нив може да се слушне како Перез зборувал за медиумите.

Перез договарал уништување на некои телевизии кои не му одговараат, носење на одлуки на јавната радио-телевизија и организирање на јавни линчови против своите ривали на социјалните мрежи.

„Не грижете се, мора да ја добиеме битката против ‘Марка’ и ‘ТВЕ’. Со тоа ќе го изолираме ‘Ел Паи’ кој не се однесуваше лошо, но останатите беа лоши. Ел Рондо повеќе нема да го има“, вели Перез.