За прв пат во мак. фудбалот: Триото најдобри судии ќе делат правда на еден натпревар!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ФФМ донесе одлука – правдата на дербито помеѓу Вардар и Шкендија ќе ја делат најдобрите судии во Македонија.

Во неделното дерби на арената „Тодор Проески“ главен судија ќе биде Александар Ставрев, зад головите ќе бидат Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски. Пмошници ќе бидат марјан Кировски и Дејан Костадинов, четврти судија е Гоце Петрески.

Треба да се истакне дека за прв пат се случува најдобрите македонски судии заедно да делат правда на еден натпревар.

Вардар – Шкендија (Александар Ставрев)

Шкупи – Македонија Ѓ.П (Јосип Бартон)

Ренова – Работнички (Албрим Шаќири)

Струга Трим Лум – Борец (Игор Стојчевски)

Силекс – Академија Пандев (Константин Влахо)