Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Златната топка“ за 2020 година нема да бид доделена, а таа одлука ја донесе популарниот „Франс Фудбал“.
Францускиот магазин извести дека пандемијата на коронавирусот направи хаос и поради тоа не може да се третира оваа година како секоја нормална.
Како втора причина ја наведоа нерамноправноста на сите кандидати во борбата за оваа престижна награда. Некои беа во можност да се борат до крај, додека кај некои сезоната беше прекината, како во Лига 1.
Ова ќе биде за првпат од 1956 година да не биде доделена престижната награда, а магазинот смета дека оваа одлука била најодговорна и најлогична.
Минатата сезона најдобар беше Лионел Меси, кој е рекордер со шест освоени титули.