За првпат во историјата: Мундијалот ќе се игра на три континенти!

Светското првенство (СП) во 2030 година ќе биде историско затоа што за првпат во историјата ќе се игра на три континенти, односно Африка, Европа и Јужна Америка.

Собранието на ФИФА реши организатори да бидат Мароко, Португалија и Шпанија на Мундијалот во 2030 година, но исто така реши и да се играат дуели во Јужна Америка по повод 100-годишнината од првенството.

„Веруваме во големи работи. Светското првенство ќе се одржи таму каде што почна. Уругвај, Аргентина и Парагвај ќе бидат домаќини на првите натпревари од Мундијалот“, објави Алехандро Домингез.