Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Англискиот гигант Манчестер јунајтед се засили со уште еден фудбалер во последниот ден од преодниот рок, откако денеска потпиша договор со 25-годишниот Алтај Бајиндир.
Бајиндир доаѓа од екипата на Фенербахче за седум милиони евра и стана првиот Турчин кој ќе го носи дресот на „црвените ѓаволи“ во историјата.
Турскиот фудбалер потпиша договор до 2027 година, со опција соработката да биде продолжена на уште една сезона.
Талентираниот играч има пет настапи и за репрезентацијата на Турција, а на „Олд Трафорд“ ќе има улога на резервен голман.