За шест месеци направија стадион: Добиле фудбалски рај, навивачите останале без текст


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Неверојатен потег направија во шпанската Сарагоса во 2025 година, и слободно може да се каже дека изведоа мало архитектонско чудо.

Кога беше официјално потврдено дека стадионот Ла Ромареда, домот на Сарагоса, ќе биде домаќин на Светското првенство 2030 година, започнаше интересен проект во овој шпански град.

Реконструкцијата на Ла Ромареда започна, и стадионот ќе се подготвува за потребите на Мундијалот, што значеше дека второлигашот Сарагоса мора да се пресели од својот дом.

Имаше опции да играат во друг град додека траат работите на нивниот стадион, но во градот дојдоа до неверојатна идеја.

За само половина година, изградиле монтажен стадион “Иберкаја”, со капацитет од 20.000 гледачи и на него Сарагоса ги игра домашните натпревари додека траат работите на Ла Ромареда.

Иберкаја стадионот е вистинско мало чудо. Вкупната изградба изнесуваше околу 5,6 милиони евра, а уште повеќе зачудувачки е тоа што стадионот е изграден за само половина година!

Точни, работите започнаа во јануари 2025 година, а првиот натпревар се одигра на 30-ти јули 2025 година.