Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Австралија повторно ја одби визата на Новак Ѓоковиќ и најверојатно српскиот тенисер нема да настапи на Австралијан опен.
Мислењата се поделени за случајот во светот на тенисот, а се јави Илја Марченко, украински тенисер, кој даде изјава без влакна на јазикот.
„Правилата се исти за сите, а потоа губат на сопствениот суд. Тука не запираат, па наоаѓаат причина за повторно да му ја поништат визата. Како да зборуваме за исти правила за сите? Заборавив, наскоро се ближат избори во Австралија. Држи се, Новак. Останатите тенисери се во страв да не им ја укинат визата, па затоа не го поддржуваат Ѓоковиќ“, кажа Марченко.
Украинецот во моментов е на 165. место на АТП-листата и има 34 години.