Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез во екипата ги донесе речиси сите фудбалери кои ги посака, освен еден, а не станува збор за Лионел Меси или Нејмар.
Перез е најуспешниот претседател во историјата на „кралевите“, па тој рушеше рекорди со Зинедин Зидан, Кристијано Роналдо и Герет Бејл, а го ангажираше и Луис Фиго од Барселона.
Првиот човек на тимот пред 10 години својата тактика ја применил и на „забранетата љубов“, а станува збор за Серхио Агуеро, кој пред неколку дена се пензионираше.
Во текот на мечот на „Сантијаго Бернабеу“, Агуеро кој играше за Атлетико Мадрид под себе носеше бела маичка, а тој детал не му избега на Перез, па искоментира дека добро му стои белата боја.
Агуеро тогаш се подготвуваше за заминување од Атлетико, а неговите менаџери почнаа да разговараат со Реал, но Атлетико не сакаше да им го продаде.
Аргентинецот на крајот заврши во Манчестер сити за 40 милиони евра, а останатото е историја.