Загуби од Ѓоковиќ, па почна да „плаче“ и обвинува: Ноле секогаш го прави тоа!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето од Ролан Гарос славеше со 3-1 во сетови против шпанскиот тенисер Пабло Карено-Буста.

Србинот во текот на мечот имаше проблеми со раката, а во првиот сет бараше и медицинска помош.

Ваквиот потег не му се допадна на неговиот ривал, кој по мечот го обвини Ѓоковиќ дека секогаш го прави истото кога губи.

„Не ме изненади тоа што бараше пауза. Тоа значи дека тој губи, а јас играв добро. Секогаш го прави тоа, со години го вика докторот кога губи. Во последните години прави нешто слично кога на теренот ќе се појават проблеми. Не знам, можеби притисокот влијае многу на него или едноставно му треба доктор“, вели Шпанецот.