Зајков: Безбеден сум во Украина, тимот ќе ни организира превоз до друга држава!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот фудбалски репрезентативец Ѓоко Зајков се наоѓа во Украина, која во моментов е нападната од Русија со воени трупи, при што се бомбардира воената инфраструктура на државата.

Дефанзивецот пристигна во Украина во јануари од Левски Софија, а за медиумите кажа дека Ворскла ќе им организира транспорт до некоја од соседите држави.

„Градот Полтава не беше цел на напад од Русите. Безбедни сме и треба да се организира превоз со мини бус со кој треба да бидеме спроведени до некоја граница. Но, мора да се создадат услови. Во моментов нема возови, ниту авиони. Чекаме инструкции од нашиот клуб“, кажа Зајков.